Заев: Инспекторите дадоа аргументи за Пауновски кои се вредни за размислување

фото Архива

Премиерот Зоран Заев во врска со разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски кој одби да ги вработи понудените 35 „рамковни административци“ посочи дека нема да се премисли во однос на неговото разрешување, туку ќе ги има предвид образложенијата и документите кои денеска му ги предале вработените во Инспекторатот, а се вредни за размислување.

Заев рече дека не смее да дозволи еден од директорите на 237 институции во кои се распределени рамковните административци да ги крши законите, одлуките на владата и кодексот на однесување.

– Ќе ги прочитам во детали материјалите кои ми ги дадоа инспекторите па ќе го кажам мојот став пред Владата.Тие предочија аргументи вредни за размислување –  рече Заев.

Тој додаде дека инспекторите во кратки црти му кажале дека Пауновски е добар раководител

– Рекоа дека е добар човек дека го унапредил работењето на инспекторатот дека е опремен и екипиран инспекторатот кој се најде во оваа криза. Сфатив дека имаат колегијален однос со колегите , но и дека има некои слабости. Сакам да ги видам документите и потоа ќе се произнесам за Пауновски. Сепак сметам дека треба да се има предвид и кодексот на однесување – рече Заев.

Заев е дециден дека  коалицискиот партнер ДУИ нема никакво барање во делот на разрешување на Пауновски.

– Десет дена да се препукуватe со вицепремиерите е недозволиво. Не го добив на телефон во Брвеница кога бев, но тој можел да дигне телефон и да дојде во владата. Тој е еден од моите први партиски соработници. Беше прв човек на партијата во Тетово. Во петок се слушнавме. Соработката со него ќе продолжи каква и да е одлуката на владата денеска. Не е лесно да се реши прашањето со 1300 административците кои не работеа а земаа плата. но тоа треба да се спроведе. На купче пари доаѓаат во инспекторатот од владата засекогаш за овие вработувања – рече Заев.

Тој рече дека владата денеска ќе дискутира и ќе ја донесе конечната одлука за Пауновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот