Заев: Името и дејноста на Гоце Делчев се синоним на македонската државност

Името и дејноста на Гоце Делчев се вплетени во македонската историја како синоним за една автентична и искрена борба и пожртвуваност, како синоним на македонската државност кој има најголема моќ во паметењето на Македонците, напиша премиерот Зоран Заев на својата фејсбук-страница.

– Денеска, на денот на загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, го чествуваме како инспиратор и апостол на македонската револуционерна организација која се бореше за остварување на историската идеја за правото на Македонците да го остварат вековниот сон за своја самостојна држава, наведува Заев.

Според него, „секоја година на датумите врзани за животот на Делчев, како и на денешниот ден кога се сеќаваме на неговата погибија пред 118 години, се поклонуваме пред и за Гоце Делчев, во име на реализацијата на неговиот завет до идните поколенија да го остварат неговото и делото на плејадата македонски револуционерни дејци за формирање македонска држава која ќе биде рамноправна во културниот натпревар на народите”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот