Заев: Имаме министри коишто не го употребуваат уставното име на државата

Јас немам предрасури, нивните ставови се такви, тие не го почитуваат Уставот, но не смееме да дозволиме државата да не го почитува Уставот, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Грција денеска е наш силен поддржувач во Европската комисија и во Европската Унија преку Европскиот Совет. Не би сакал со било каква провокација, со било каков потег, со било каква закана, повторно да направиме непријатели од Грција, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција во СДСМ.

-Ние сме пријатели, низ тоа пријателство поддршката е само една од работите коишто ги добиваме. Добиваме економија, добиваме просперитет, добиваме соработка на сите можни полиња. Заканата за мене е помината натаму, заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ не е само ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, денеска таа е вградена во највисоките државни иституции. Гледате дека имаме министри коишто не го употребуваат уставното име на државата- истакна Заев.

Во живо: Што ќе се случи ако се поништи Договорот од Преспа, како што заговара ВМРО-ДПМНЕ?

Во живо: Што ќе се случи ако се поништи Договорот од Преспа, како што заговара ВМРО-ДПМНЕ?

Publiée par СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија sur Lundi 20 janvier 2020

Тој рече дека нема предрасури, дека нивните ставови се такви, тие не го почитуваат Уставот, но, истакна Заев, не смееме да дозволиме државата да не го почитува Уставот.

-Како може да очекуваме некој дома да го почитува Уставот и законите, кога владеачката партија преку своите кандидати и сегашни миснистри, не го почитуваат Уставот и заканите во државата- рече лидерот Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот