Заев има историја на купување пратеници, вели Сафет Бишевац

Сафет Бишевац во гостување на ТВ21 / 17 ноември 2021 / фото: ТВ21/принтскрин

Поранешниот пратеник Сафет Бишевац вечерва во гостувањето на ТВ21, околу последните случувања со неуспешната иницијатива за уривање на Владата во Собранието рече дека Зоран Заев „има историја на купување на пратеници“.

„И понатаму тврдам дека тоа што не беше исполнет еден џентрлменски договор, ќе се види многу брзо зошто Реџепи го смени мислењето. Но, таков начин како што актуелното владеачко мнозинство ја обезбеди самоизолацијата на г-нот Реџепи, сѐ може да се случи. Знаеме дека Заев има историја на купување и обезбедување на пратеници, како што беше со промената на Уставот“, рече Бишевац.

Покрај него, во емисијата гостин е и поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, кој му реплицираше на Бишевац дека секој што ќе седне на иста маса со Апасиев, е „ретроградна сила“.

Стефан Богоев во гостување на ТВ21 / 17 ноември 2021 / фото: ТВ21/принтскрин

Богоев вели дека СДСМ има поголем потенцијал за коалицирање од ВМРО-ДПМНЕ и тоа се покажало во четвртокот. Тој е категоричен дека за брзо време соодносот во Собранието нема да биде 60:60.

-Подаваме рака на целиот демократски совет и на сите пратеници. Пратениците и политичките партии со исто вредности како нашите се многу повеќе во државата, отколку оние кои сакаат државата да стои во место. Секое лошо за добро е. Ќе излезе поголема и постабилна од ова. Во моментов преговараме и со Алтернатива и за брзо ќе се знае се, рече Богоев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот