Заев им се заблагодари на македонските спасувачи кои помагаа во Албанија

фото: Принтскрин

Премиерот Зоран Заев на социјалната мрежа Фејсбук им се обрати на спасувачите од Македонија кои заминаа да им помогнат на жителите на Албанија, кои беа погодени од катастрофалниот земјотрес.

– Од име на сите граѓани на нашата држава, сакам да упатам неизмерна благодарност кон републичките сили за заштита и спасување, кои координирани од Дирекцијата за заштита и спасување беа присутни во најпогодените подрачја во Албанија од катастрофалниот земјотрес.

Нашата држава е држава на солидарност. Скопјани уште живо се сеќаваат на катастрофалниот земјотрес од 1963. Тогаш со помошта на нациите од целиот свет го изградивме повторно главниот град.

Припадниците на републичките сили за заштита ја заслужуваат ја заслужуваат нашата највисока почит и поддршка за нивната стручност и храброст, стои во објавата на Заев, на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот