Заев им рече бујрум на турските компании

Економската и трговската соработка се витални, затоа очекуваме поинтензивна динамика со новиот договор за слободна трговија кој е во подготовка, а кој има за цел да отвори повеќе врати за турските инвеститори. Ова го истакнал премиерот Зоран Заев на работната вечера која во негова чест во Истанбул ја приреди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Притоа е истакнато дека односите меѓу двете земји се исполнети со динамична соработка во повеќе области, информираше владината прес-служба. Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, беше еднодневната работна посета на Турција.

Kако сојузници во НАТО, двете земји се поврзани и со исти вредности по однос на мирот и стабилноста во регионот, преку добрососедски односи и регионална соработка, како и во борбата против тероризмот согласно со домашното право на двете земји, како и со меѓународното право, пишува во соопштението на Владата.

Претседателот Ердоган, наведуваат од Владата, истакнал дека „во срцата на граѓаните на Турција, Северна Македонија има посебно место како земји кои имаат одлични односи и длабоки историски врски. Ердоган потенцираше дека, и покрај пандемијата, двете земји имаа одлична трговска размена во 2020 година и дека тоа ќе продолжи да ги мотивира турските компании уште повеќе да инвестираат во Северна Македонија.  Според владиното соопштение, на средбата во Истанбул е истакнато дека Турција ќе продолжи да ја помага Северна Македонија во борбата против пандемијата, со желба да се продлабочи соработката и во областа на здравството.

Заев изразил надеж дека Ердоган наскоро ќе ја посети земјава „како континуитет на заемните посети на највисоко политичко ниво и како видлив придонес за унапредување на односите“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот