Заев им посака добредојде и ги прошета Вучиќ и Рама низ Скопје

фото Фејсбук

Премиерот Зоран Заев попладнево ги прошета претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама на градскиот кеј.

-Разговаравме и со граѓаните во центарот на Скопје, како најава на Економскиот форум за регионална соработка кој за првпат се одржува во Северна Македонија, како и за отворањето на нови перспективи за нашето поврзување.

Балканот е нашиот заеднички европски дом во кој се поддржуваме и во кој ги унапредуваме односите. Нашиот поглед е напред, кон подобро утре, кон економски раст и развој, кон добробит за нашите народи, напиша Заев на Фејсбук.

Утре ќе биде објавено новото име на регионалната иницијатива „Мини Шенген“  на Економскиот форум за регионална соработка што се одржува во Скопје. Организатор на настанот ќе биде премиерот Зоран Заев.

Косовската министерка тврди: Мини Шенгенот може да биде многу опасен за стабилноста и мирот на Балканот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот