Заев идната недела ќе се сретне со Меркел

Реконструкција на владата ќе има само ако добиеме позитивни сигнали за добивање на датум за преговори со ЕУ во јуни или јули, во спротивни се отворени сите опции од враќање на мандатот, одговорност, избори, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Тој најави дека деновиве интензивно се лобира за добивање на датум, во рамките на што другата недела е планирана средба со германската канцеларка Ангела Меркел.

-Секој ден се менуваат работите оставете државата да ги изгради своите последни стратегии за добивање на датум на преговори. Ова е крупно прашање сите опции се отворени. Ако имаме извесност, а добиеме датум, продолжуваме со реконструкцијата, ако не сите опции се отворени враќање на мандатот, нова влада, избори, одговорност, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот