Заев и Спасовски во посета на Стајковци: Овозможивме сигурна иднина и насочени сме кон правичност и правда

Фото: Слободен печат

Претседателот на СДСМ, Заев и носителот на листа, Спасовски положија цвеќе на споменик на загинат полицаец во случувањата кај Диво Насеље.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и потпретседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 2 Oливер Спасовски имаа средби со жители на селото Стајковци, во скопската општина Гази Баба.

Заев и Спасовски, разговарале со жители чии домови беа погодени од поплавите во 2016 година.

– Се грижиме правично за сите затоа што ова е држава на сите. Се определивме за политики на рамномерен регионален развој. Вложено е многу во инфраструктурата и овде во Гази Баба, а можеме и уште повеќе и уште подобро, но мора да продолжиме по правиот пат што овозможува социјална и економска сигурност. По НАТО, ги почнуваме интеграциите и во ЕУ, а тоа носи и 2,5 милијарди евра пари од европските фондови за модерни патишта, водоводи, канализации, за европско земјоделство. Овозможивме сигурна иднина и насочени сме кон правичност и правда – рече претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ, Заев и носителот на листа, Спасовски положија цвеќе на споменик на загинат полицаец во случувањата кај Диво Насеље.

Споменикот е подигнат во кругот на полициската станица, каде во 2018 година почна со работа првата канцеларија за превенција.

Со жителите беше разговарано за придобивките од отворената канцеларија за превенција и за новата градинка во селото Стајковци.

– Што се однесува до канцеларијата за превенција, целта ни беше да придонесеме кон јакнењето на свеста дека луѓето треба да бидат партнери со полицијата. Преку проектот МВР за граѓаните, полицијата се доближува до секој граѓанин, успеавме да ја вратиме довербата на граѓаните во полицијата и така ќе продолжиме да работиме. Нашата цел е ред, дисциплина и правда, а полицијата има важна улога во тој процес – рече Спасовски.

На средбите беа споделени информации за вложени 1.920.000 евра за патна структура во општината Гази Баба, реализирани два проекта за водовод и канализација и осум коишто се во тек, за вложени 12.543.248 денари за проекти за регионален рамномерен развој, за четири реализирани проекти за градинки, пет за образование, за доделени по 10.000 евра на тројца млади земјоделци, преку истоимениот проект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот