Заев и Шекеринска во работна посета на Шведска

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска се во работна посета на Стокхолм, Кралството Шведска.
Предвидено е Заев да се сретне со неговиот шведски колега Стефан Лофвен, а од Владата најавуваат дека отворени се можности и за други билатерални средби.
Премиерот заедно со вицепремиерката Шекеринска се поканети да присуствуваат и на Конвенцијата на Прогресивната алијанса, меѓународно движење на прогресивни, социјалдемократски и социјалистички сили од целиот свет, кои се залагаат за модерна, демократска форма на отворена соработка со фокус на одржливиот развој, социјалната правда, можностите за младите луѓе и економијата.
На конвенцијата ќе присуствуваат повеќемина премиери и претставници на влади од Европа и светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот