Заев и Османи во посета на Чешка, планирана е средба со Бабиш

Премиерот Зоран Заев денеска со владина делегација ќе престојува во официјална посета на Чешка, каде ќе биде пречекан од неговиот чешки колега Андреј Бабиш.

Во состав на владината делегација, како што е најавено од владината Прес-служба, ќе биде и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Според агендата, планирано е премиерот Заев да оствари тет-а-тет средба со чешкиот премиер Бабиш, по што двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција.

Владината делегација ќе се сретне и со парламентарна делегација предводена од Радек Вондрачек, претседател на Домот на пратениците на Парламентот на Чешката Република.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот