Заев и Османи на вечера со германските парламентарци

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, вечерва имаше работна вечера со пратениците во германскиот Бундестаг Нилс Шмит од СПД и Јирген Харт од ЦДУ.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев и министерот Османи ги презентирале политичките позиции на Северна Македонија во очекување на првата меѓувладина конференција со ЕУ како и напредокот постигнат во речиси сите области кои веќе ги нотираше Европската Комисија во својот извештај.

Премиерот Заев го пренел ставот дека правото на самоопределување не треба да биде предмет на дипломатијата.

Германските парламентарци ги пренеле позитивните ставови и поддршката на нивните политички партии кои се и коалициони партнери во сојузната влада на Сојузна Република Германија кон евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Истовремено изразиле големо задоволство од интензивната билатерална соработка меѓу двете пријателски држави, очекување и поддршка за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ во време на германското претседателство. 

Денеска напладне премиерот Заев ја прими Наградата за човекови права за 2020 од Фондацијата „Фридрих Еберт“.

-Наградата за човекови права за 2020, што ми ја врачи Фондацијата „Фридрих Еберт“, е комплементарна на мојата лична филозофија: дијалог пред сè, конфликт никогаш- напиша Заев на Фејсбук.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот