Заев и министрите ќе добијат „ветинг“ советник

Премиерот Зоран Заев, министрите, заменик-министрите и сите други државни службеници во Владата на Македонија ќе добијат „ветинг“ лице.

Ова лице ќе има улога на советодавач на Владата, а сите владини избраници за идните нивни предлози за личности на одредени позиции или пак за избор и именување на нив близок, роднина или пријател, ќе треба да се советуваат со „ветинг“ советникот.

За да биде избран за оваа функција, „ветинг“ советникот и сам ќе треба да мине проверка за своето работно минато и ќе треба да е „чист како солза“.

Оваа новина беше соопштена на денешниот брифинг на Антикорупциска со новинарите, а уследува како битна препорака од советот на ГРЕКО, кој на македонска адреса има испратено 23 препораки за спроведување, од кои 13 се однесуваат на борбата против корупцијата.

Од Државната комисијата за спречување корупција велат дека обврска на владините функционери ќе биде да се советуваат со овој таканаречен Специјален советник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот