Заев и Мицотакис ќе го скршат мразот идната недела во Њујорк? – Слободен печат
ВестиМакедонија

Заев и Мицотакис ќе го скршат мразот идната недела во Њујорк?

Според овие информации, разговорот би се случил на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

Повеќе грчки портали објавија дека наредната недела во Њуjорк ќе се одржи првата средба меѓу премиерите на Грција и Македонија, Киријакос Мицотакис и Зоран Заев.

Според овие информации, разговорот би се случил на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации. Од македонската влада ниту ги потврдуваат, ниту ги негираат информациите на грчките медиуми.  Велат дека во моментот не би моижеле да ја кажат официјланата агенда на премиерот Заев, бидејќи подготовките за нејзино финализирање се во тек.

Грчките портали пак пишуваат дека разговорот Заев – Мицотакис ќе биде особено интересен заради силното спротиставување, кое како лидер на опозицијата, Мицотакис го изразуваше во однос на договорот од Преспа.

Наведуваат дека Мицотакис ќе ја отворел и темата за заштита на брендот Македонија.

Покрај средбата со Заев, Мицотакис во Њујорк веќе има договорено средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, а се договараат и деталите за средба со албанскиот премиер, Еди Рама.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close