Заев и Мицковски во изолација, биле кај новинар позитивен на Ковид-19 (ВИДЕО)

Министерот за здравство Венко Филипче на денешното вонредно обраќање до македонската јавност истакна дека лидерите на двете најголеми политички партии Зоран Заев и Христијан Мицкоски се во задолжителна домашна изолација.

– По информацијата дека еден новинар од медиум е позитивен на Ковид-19, а имаше тв интервјуа со лидерите, тие се тестирани на коронавирусот.

Резултатот на Христијан Мицкоски е негативен, но ќе биде во самоизолација од 14 дена, во моментов нема потреба од посебни епидемиолошки анктети.

Резултатот на Зоран Заев ќе биде готов денес, но и тој е ставен во домашна изолација. Новинарот е во стабилна здравствена состојба и е на лекување во 8 септември, ќе се прават анкети за лица кои ќе треба да одат во самоизолација. За сите овие информации и за резултатот на Заев ќе известам на следната прес-конфеенција, рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот