Заев и Мицкоски четири часа преговараат, договор се уште нема

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Веќе четири часа трае средбата на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски на која присуствуваат и работните групи за Законот за јавното обвинителство, а нема напредок.

„Главна цел им е предметите од СЈО да не продолжат, односно обвинетите од ВМРО-ДПМНЕ да не одговараат пред судовите. Постојано ја враќаат таа тема за дискусија. За власта тоа е завршено прашање бидејќи со предавањето на предметите од СЈО кај Јавното обвинителство, тие предмети не можат и нема да зависат од од политичарите, туку исклучиво од независна правосудна институција“, брифираат извори од преговарачкиот тим на власта.

Лидерската средба почна во 20 часот. Во Собранието дојдоа премиерот Зоран Заев, министерката Рената Дескоска, советникот на премиерот, Бојан Маричиќ, Соња Мираковска како дел тимот од власта, а од тимот на опозицијата се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Тони Менкиноски.

Во фокусот е Законот за јавното обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство и судбината на предметите на СЈО.

Вечерашната средба следи откако преговарачките тимови од двете партии во изминатиот период не изнајдоа заеднички прифатливи решенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот