Заев и Мицкоски четири часа преговараат, договор се уште нема

Веќе четири часа трае средбата на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски на која присуствуваат и работните групи за Законот за јавното обвинителство, а нема напредок.

„Главна цел им е предметите од СЈО да не продолжат, односно обвинетите од ВМРО-ДПМНЕ да не одговараат пред судовите. Постојано ја враќаат таа тема за дискусија. За власта тоа е завршено прашање бидејќи со предавањето на предметите од СЈО кај Јавното обвинителство, тие предмети не можат и нема да зависат од од политичарите, туку исклучиво од независна правосудна институција“, брифираат извори од преговарачкиот тим на власта.

Лидерската средба почна во 20 часот. Во Собранието дојдоа премиерот Зоран Заев, министерката Рената Дескоска, советникот на премиерот, Бојан Маричиќ, Соња Мираковска како дел тимот од власта, а од тимот на опозицијата се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Тони Менкиноски.

Прочитајте и...  Без вода утре корисниците на БЕГ и Топлификација во Општина Карпош

Во фокусот е Законот за јавното обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство и судбината на предметите на СЈО.

Вечерашната средба следи откако преговарачките тимови од двете партии во изминатиот период не изнајдоа заеднички прифатливи решенија.

Прочитај повеќе

Почина Неџмије Хоџа, сопругата на Енвер Хоџа

Слободен печат

Спасовски: Нема да ги одложуваме манифестациите, ќе ги следиме препораките на Кризниот штаб

Албанија: 13 сомнителни случаи за коронаврус – сите негативни

Слободен печат

Големи инциденти на грчките острови Лезбос и Хиос, над 60 повредени

Слободен печат

Д-р Караџовски: Едно позитивно лице не значи ризик за населението, медицинските служби се подготвени

МИА Агенција

ОФИЦИЈАЛНО: Потврден првиот случај на коронавирус во Македонија

Слободен печат

1 comment

Dedinec 11/09/2019 - 06:34 at 06:34

Pa koga moze vaka da se pregovara za amnestija na predavnici i bolni kriminalci, ne znam zosto ne moze Zaev i Mickovski ednas da se setat i na izmaceniot ni narod i da proglasat Zakon za amnestija na site dolgovi na graganite i da se pocne od nula, pa koj zgresi
ponatamu da nema veke mesanje politika.Vaka ovaa ne da e sapunica ovaa stana najdolgometrazna tragedija na makedonskite gragani, sekoj den toj kao puka ovoj kao bega, toj kao kradel ama pomalku od ovoj, pa ete ti denar subvencija za nekoj si zemjodelski proizvod ama ete ti i nafta za Makedonija Pat, za JSP ama nafta od drzavnite rezervi itn. nema kraj.

Reply

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Прес-конференција на Спасовски, Филипче и Караџовски во Владата (ВО ЖИВО)

МИА Агенција

ДИК ги повика граѓаните да извршат увид во Избирачкиот список до 11 март

Слободен печат

Потврден коронавирус во Македонија

Слободен печат

Во Подгорица превентивно поставени шатори поради коронавирусот

Слободен печат

Трамп ги продолжи санкциите против Кремљ

Слободен печат

На 1ви Март започнува новата наградна игра на Макпетрол, „ВЕРНА секогаш со Вас!“

Слободен Печат