Заев и коалициските партнери ќе се координираат пред утрешното гласање за доверба на владата

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и лидерите на помалите партии во коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ / фото: СДСМ

Премиерот Зоран Заев ги повикал патнерите од неговата коалиција, меѓу кои и претставници на ДУИ, на координација која ќе се одржи вечерва, пред утрешната собраниска седница на која треба да се гласа за доверба на неговата Влада, објави ТВ24.

Освен дел од помалите коалициски парнери, средбата ја потврдуваат и функционери од ДУИ.

Според неофицијалните информации, се договара стратегија за утрешната собраниска седница.

Дел од учесниците на средбата очекуваат Заев да ги информира за консултациите што ги водеше со пратениците за враќање на неговото мнозинство.

Видео на денот