Заев и Касами ја официјализираа првата македонско-албанска предизборна коалиција (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/Драган Митровски

Во присуство на највисоките партиски раководства на СДСМ и на БЕСА ја официјализираа предизборната коалиција.

Претседателот на социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев рече дека денес е посебен чин бидејќи претставува нов историски момент за демократијата и плурализмот.

– СДСМ денес ја објавува предизборната коалиција со Движењето БЕСА. На овој начин мултиетничкиот концепт го пресликуваме во конкретна програмска и кадровска промена. Нашата визија е визија на земја, економски и стабилна правна држава во ЕУ и НАТО. Градиме општество врз еднаквост и правичност држава во која има шанса за сите, и за млади и за пензионерите за Македонци, Албанци, Срби, Роми, Власи и за жени и за мажи и за сите други, рече Заев.

Тој дополни дека тоа ќе биде постигнато ако сите се обединат кон вистинските цели кои водат напред.

– Затоа ја користам оваа прилика јавно му оддавам признание на Билал Касами и на целата БЕСА која покажаа дека имаат визија и политичка храброст и вистински принципи за обединување, БЕСА  е првата партија која го надмина амортизираниот концепт етничките гласови да се користат само како бројка за постизборни калкулации за владини коалиции, рече Заев.

Предизборната коалиција со БЕСА е историска коалиција  за Северна Македонија. Ова е победничка коалиција предводена од СДСМ, разнолика, најголема и најмоќна коалиција, рече претседателот на СДСМ Заев при официјализирањето на коалицијата со БЕСА.

– Ние сме сигурни победници на 12 април и тоа секому му јасно. Уште од денес се знае дека токму оваа коалиција на 12 април ќе освои сериозно и сигурно мнозинство за реформирање на државата, тоа им е јасно и на нас  и на нашите политички опоненти. Владеењето на правото човековите слободи и права,  економскиот  прогрес, толеранцијата се столбовите на која почива современата македонска држава но и доследно спроведување на Охридскиот договор, Преспанскиот договор и  Договорот за добрососедство со Бугарија. За сите што цврсто стојат  и чекорат со овие принципи има простор за договор. Но тоа не може да биде ВМРО-ДПМНЕ, додека на чело ги имаат Христијан Мицкоски и Груевски. Ова вакво заробено ДПМНЕ треба да остане политички изолирано. Кое ги опструира сите внатрешни и надворешни процеси, само така ќе смогнат сили внатрешно да се реформираат, и да станат вистинска опозиција бидејќи вакво, се опасност и за државата и за граѓаните. За другите албански партии и коалиции ќе ги убедам дека нема да бидеме уценувани и нема да прифатиме непринципиелни договарања. Оние кои ќе пристапат треба да ги прифатат на нашите принципи, вели Заев.

Заев рече дека со макотрпна работа ќе продолжи со преговорите со ЕУ.

– Испорачавме во економијата, во надворешната политика ја вративме слободата и демократијата и сега е време законските реформи да се почувствуваат и во правосудството да се направи прочистување во судството. Ќе поставиме рекорд во македонската економија и грижа за сите наши граѓани. Преговори со ЕУ, со нас ќе траат 6 години со ВМРО-ДПМНЕ ќе траат 60 години и никогаш нема да завршат. Со оваа наша победничка коалиција ќе работиме макотрпно и посветено се со цел за подобар живот за нашиот народ и граѓани за нашие деца, со здружени сили, рече Заев.

? Во живо: Заеднички настан на СДСМ со Движењето БЕСА.

? Во живо: Заеднички настан на СДСМ со Движењето БЕСА.

Publiée par СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија sur Jeudi 27 février 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот