Заев и Филипче даруваа крв по повод Денот на трудот – 1 Мај

– Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска даруваа крв во Службата за трансфузиска медицина во Струмица, по повод 1 Мај – Денот на трудот.

– Постапката е многу едноставна, а вработените во Трансфузија се љубезни и пријатни при целиот процес на дарување крв. По дадената согласност, следува здравствена проверка, а потоа во пријатна атмосфера со почитување на сите мерки за заштита од вирусот Ковид-19, ја завршивме оваа многу лесна постапка, напиша Филипче на Фејсбук.

Министерот за здравство воедно порача дека дарувањето крв може да спаси живот, само едно ќесе крв може да го подобри здравјето на три до четири пациенти.

-Бидете хумани, дарувајте крв! Крводарителството е хумана човечка вредност, напиша  Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот