Заев: И Бугарите и Македонците ќе сакаат да знаат што се случило

Зоран Заев, Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Не знам дали се македонски граѓани, но претпоставуваме дека се Македонци. Ги известив македонските служби да ги подготват екипите и да пристигнат на лице место. Ова го изјави премиерот Зоран Заев за БНТ.

-Трагично е што меѓу жртвите има и деца. Многу сме им благодарни на бугарските власти ако ги откријат причините за несреќата и ги споделат со Севена Македонија. Сигурно граѓаните на Северна Македонија и Бугарија ќе сакаат да знаат што се случило. Знам дека станува збор за голем пожар и дека поради него загинале многу луѓе, но дали избувнал за време на сообраќајката или потоа ќе кажат експертите. Нашата болка е голема и сочувствуваме со семејствата на загинатите, додаде Заев, а пренесува Дневник.бг.

СТРАШНА ВЕСТ: Македонски автобус се запали во Бугарија, најмалку 45 загинати и седум повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот