Заев и Борисов се поклонија на гробот на Гоце Делчев

Од посетата на екс премиерот Бојко Борисов на 1. август 2019 година/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска заедно положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас” во Скопје по што ги разгледаа фреските и иконостасот во црквата.

На поклонувањето на гробот на македонскиот револуционер беа присутни и министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Екатерина Захариева.

Борисов, кој престојува во еднодневна посета на земјава, потоа замина на средба со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски од каде заедно со премиерот Заев ќе се упатат во Дојран каде што ќе положат цвеќе на споменикот на полковник Константин Каварналиев.

Со тоа ќе заврши официјалната посета на премиерот Борисов по повод двегодишнината од потпишувањето на Договорот за добросоедство, пријателство и соработка меѓу двете земји што беше потпишан на 1 август 2017 година во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот