Заев и Борисов гушнати и насмеани во Дубровник: За што разговараа?

Фото: Фејсбук

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, на својот Фејсбук профил објави фотографија со премиерот Зоран Заев од Форумот 16 +1, кој се одржува во Дубровник.

На споменатата фотографија се наоѓа премиерот Заев во прегратка со премиерот на соседна Бугарија, па останува прашањето за што разговараа двајцата премиери.

Премиерот Зоран Заев, заедно со владината делегација во состав со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и министерот за култура, Асаф Адеми, учествуваа на 8-иот Самит на Шефови на Влади од ЦИЕ и НР Кина од процесот 16+1,  којшто оваа година се одржува во Дубровник, Република Хрватска.

Во рамки на овој Самит, премиерот Заев учествуваше на пленарната сесија на којашто се обратија премиерите на земјите учеснички на самитот.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот