Заев и Бесими го најавија планот за заздравување и финансирање забрзан раст

Раст на БДП во Европа/ Фото: Архива на Слободен Печат

Финансирање на закрепнувањето на економија од ковид-19 пандемијата и поддршка за забрзан одржлив раст со паралелно одржување фискална стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор како дополнување на буџетските средства и задолжувањата, е целта на Планот за здравување и финансирање на забрзан раст кој е веќе подготвен, а го најавија денеска премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими.

Како што рече Заев во обраќањето со кое и официјалкно ја отвори Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по КОВИД 19″, Планот ги содржи мултипликативните ефекти кои ќе ги дадат инвестициите прикажани по финансиски инструменти, изворите на финансирање, инвестициските области и конкретни започнати и планирани проекти.

-Планот дефинира Патоказ/Акциски план за имплементирање на активностите, заокружување и забрзување на почнатите и временски приказ за старт на идните проекти. Покрај тоа, дефинира прецизно поставена владина структура на единици и поделба на ингеренции кои ќе водат до успешна имплементација. Прв пат велиме да воспоставиме Delivery Unit, Monitoring Unit и PIMA преку кои ќе имаме навремен целосен увид за одредени приоритети, реализација, слабости, пречки и најургентни задачи. Јас искрено верувам дека ова е начинот да ги совладаме институционалните слабости и да ги зајакнеме нашите капацитети, рече Заев.

Планот за здравување и финансирање забрзан раст е комплементарен документ од Интервентниот план за инвестиции 2021-2027.

-Владиниот економски тим континуирано и посветено работи на подготовка на планови за идниот среднорочен развој на државата. Во таа смисла, Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 ги опфаќа сите инвестиции кои се планира да почнат во земјава, вклучувајќи ги и приватните инвестиции на домашни и странски инвеститори. Тоа е стратешки документ со дефинирани елементи: вредност на инвестиции, клучни инвестициски области, инвестициски пристап,… Како комплементарен план на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027, е подготвен и Планот за здравување и финансирање на забрзан раст, објасни Заев.

Во тек е првиот панел, по кој следуваат уште два. Три панела ќе се одржат и утре.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот