Заев и Бектеши на отворањето на нова фабрика вредна три милиони евра

Премиерот Зоран Заев денеска присуствуваше на настан на кој се означи започнувањето со работа на новата фабрика на компанијата АТС ГРУП и заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши со свои обраќања го поздравија отпочнувањето со работа на новата фабрика.

На настанот присуствуваа и вицепремиерите Радмила Шекеринска, Бујар Османи, Оливер Спасовски и Садула Дураки.

– Дозволете ми на самиот почеток да посакам успешна работа на новоотворената фабрика на компанијата АТС Груп која се занимава со производство на композитни производи и производи наменети за опрема на армијата и полицијата во делот на балистичка заштита и балистичка безбедност. Нашата земја со извесното членство во НАТО на крајот од годината се препознава како стабилна и сигурна бизнис дестинација. Оваа нова инвестиција на АТС груп и најавите за неколку други инвестиции на компанијата за коишто разговаравме го потврдуваат овој факт. Економските политики, политичката стабилност и финансиската поддршка што ја овозможуваме за нови инвестиции резултираат со релаксирана бизнис клима и охрабрување на инвеститорите да влегуваат во нови инвестиции – истакна премиерот Заев.

Министерот за економија, Крешник Бектеши рече дека економските политики што ги спорведува Владата имаат за цел да ги олеснат процесот за влез на новите инвестиции во земјата.

– Ние како Министерство за економија дадовме целосна поддршка на оваа компанија што  побрзо да започне со производство во нивните капацитети, а со тоа и извоз надвор од земјата. Имајќи ја во предвид стратешката определба на Владата, но и на сите институции и политички партии за интеграција на земјата во НАТО Алијансата и нашето зачленување кое се очекува до крајот на годината, со оваа фабрика се отвара нов пазар и нов простор за инвестиции од ваков тип на наменско производство. Преку Република Северна Македонија оваа балистичка опрема која што ќе се произведува тука ќе има голема примена кај НАТО земјите и најголемите армии во светот – рече министерот Бектеши.

Сопственикот на фабриката, Шефшет Демировски во своето обраќање потенцираше дека со влезот на земјата во НАТО, се отвораат бројни можности и перспекитви за зголемувањето на извозот на компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот