Заев и Ахмети наскоро откриваат кој сѐ ќе биде „изметен“

Во текот на наредните неколку дена премиерот Зоран Заев и лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ќе започнат разговори за реконструкција на Владата, односно за операцијата „Метла“.

Предлогот за разрешување на дел од постојните министри и избор на нови, се очекува во Собранието да се најде некаде во јуни, најавува министерот Бујар Османи.

Тоа треба да се случи заедно со првите луѓе во новото Министерство за политички систем, кое треба да се формира по укинувањето на Секретаријатот за рамковен договор.

„Се очекува наредните денови двајцата коалициски лидери да почнат разговори и да изградат конкретно мислење околу работата на министрите“,  вели Османи.

Се очекува наскоро да дознаеме кои функционери ќе бидат „изметени“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот