Заев: Христовото раѓање потсетува на одговорноста пред која сме исправени

Фото: Фејсбук/Зоран Заев

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска по повод Раѓањето Христово – Божик со сопругата Зорица го посети манастирот „Свети Леонтиј“ во струмичкото село Водоча.

– Секој од нас лично ја има можноста да го послуша гласот на совеста. Секој може да се надрасне себеси и уште поопределено да дејствува за доброто на заедницата, за доброто на децата и родителите, за семејството, за себе и секако за доброто на нашата земја во којашто живееме, работиме, твориме, учиме. Христовото раѓање потсетува на одговорноста пред која сме исправени, да стоиме искрено и храбро на страната на вистината, правдата, мирот и љубовта. Затоа, на Божик секој нека го почувствува огнот на светлината и топлината, што водат кон радоста и солидарноста. Христос се роди! – вели Заев во Божиќната порака објавена на неговиот ФБ профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот