Заев – Холтхоф Пфорнер: Силна поддршка од Германија за евроатлантските перспективи на нашата земја

Премиерот Зоран Заев, се сретна со Штефан Холтхоф-Пфорнер, германскиот покраински министер за федерални, европски и меѓународни прашања на Северна Рајна Вествалија.

На средбата е пренесена силна поддршка од премиерот на покраината, Армин Лашет и од Сојузна Република Германија, за придонесот на премиерот Заев во напредокот на Република Северна Македонија. Изразена е силна поддршка и за евроатлантските перспективи на нашата држава, во кои се гледа потреба како за нашата земја и за регионот, така и за самата Европа, , соопшти владината прес-служба.

Во таа насока, изразено е охрабрување, граѓаните и институциите во земјава да ја задржат проевропската ориентација.

Премиерот Заев се заблагодари за големото и искрено пријателство од Северна Рајна Вествалија и од цела Сојузна Република Германија, од Бундестагот, од германскиот народ и посебно од германската канцеларка, Ангела Меркел за помошта и придонесот на Германија во сите демократски процеси во нашата држава и во развојот на економијата, со оглед дека Германија е меѓу најголемите економски партнери на државава.

– Ќе продолжиме да даваме аргументи за нови германски инвестиции во нашата земја. Дадовме аргументи на почитување и примена на европските вредности, како што е успешниот дијалог и функционалната дипломатија, изразени преку договорите со Бугарија и со Грција. Продолживме со уште поголема посветеност и кон реформите. Демократијата, слободата, владеењето на правото се европски вредности што Република Северна Македонија докажа дека е подготвена да ги спроведе. Но тие се и потреба за граѓаните, значат стабилност и економија и затоа остануваме ориентирани кон евроатлантските интеграции, рече премиерот Заев.

На средбата е разговарано за можностите за продлабочување на соработката во сите области, се вели во соопштението од влаидната прес-служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот