Заев: Груевски не може да избега од казната

Премиерот Зоран Заев денеска го коментираше случајот со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, во однос на тоа дека утре навршуваат две години откако тој требаше да влезе во затвор за случајот „Титаник“.

– Зошто тоа се случи? Заради тоа што Никола Груевски беше слободен граѓанин сѐ до моментот додека судот не издаде наредба за негово донесување за издржување на казната, но два дена претходно тој на напушти државата  – изјави Заев.

Премиерот потоа додаде дека светот е глобално село и дека никој не може да се спаси од казната која го следува.

– Светот е глобално село, никој не може да избега од казната, од својата одговорност или слично. Јас верувам дека многу наскоро ќе го доживееме моментот каде секој ќе ја отслужи казната, па така и Никола Груевски – изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот