Заев: Градоначалниците на СДСМ да не ми изигруваат локални шерифи

Фото: МИА

Градоначалниците да не ми изигруваат локални шерифи и да им служат на граѓаните достоинствено, порача премиерот Зоран Заев откако беше запрашан од новинарите како ќе реагира на обвинувањата на вработени во општина Лозово кои се жалат на мобинг од страна на општинската управа.

– По првите реакции лично разговарав со градоначалникот и тој ми даде соодветно објаснување и корекции за одредени работи. Со новите настани не сум запознат, оваа недела сигурно дека ќе реагирам затоа што јас сум служител на нашите граѓани и сакам да бидат секогаш во нивна заштита. И градоначалникот е граѓанин, но тој извршува сериозна одговорна функција како градоначалник на општина Лозово. Не знам детали, не можам да инсинуирам што било, но дефинитивно ќе се заинтересирам за случајот и прва прилика ќе дадам коментар, рече Заев по завршување на судското рочиште, во кое Заев го тужи новинарот Зоран Божиновски за клевета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот