Заев гостин на отворањето на јужниот крак од Коридорот 10

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев вечерва, на отворањето на јужниот крак од Коридорот 10 низ клисурата Грделица, истакна дека овој прекрасен проект е од големо значење не само за Србија, туку и за Северна Македонија и за целиот регион.

Заблагодарувајќи се бидејќи е поканет да присуствува на овој значаен настан, Заев рече дека Северна Македонија очекуваме да успешни вложувања во пријателска Србија и српскиот народ, и сите други соседи.

„Чудесно изгледа ова решение, кога стана реалност надминувањето на еден од најтешките делови. Честитки за проектот. Кога напорно и посветено се работи, резултатите се несомнени“, рече тој.

Наведувајќи дека сега од Белград до Скопје ќе се пристигнува во 3,5 до 4 часа, ја истакна важноста на комуникацијата и поврзувањето.

„Тоа е вистинска вредност“, додаде Заев.

Тој исто така рече дека со претседателот на Србија да работат на проект од заеднички управување на граничниот премин Прешево-Табановце.

„Нека нашето пријателство расте, да бидеме блиски и да соработуваме заедно“, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот