Заев: Годинава видовме колку ни се битни волонтерите

Зоран Заев
Зоран Заев / Фото: Влада на Република Северна Македонија

И оваа година, на Меѓународниот ден на волонтерите, 5 декември, им оддаваме огромно признание на волонтерите за нивната неуморна посветеност и за безусловната љубов која ја даваат во многу процеси за доброто на заедниците, општеството и во поддршка на многу наши сограѓани кои не смеат да бидат запоставени, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил.

Оваа година, вели Заев, ја видовме инспиративната сила на волонтерите за време на пожарите на шумите во земјава, како и нивната континуирана активност да учествуваат во поддршката на нашите сограѓани во справувањето со заканите од пандемијата со ковид-19.

– Благородната самопрегорност на волонтерите инспирира да ја шириме мисијата на волонтерството и солидарноста. На овој ден, да ги охрабриме сите да се вклучат и да учествуваат во креирање на хуманото лице на заедниците, да прифатат доброволна акција за подобра иднина и да бидат горди дека биле дел од таа мисија, објави на фејсбук премиерот Зоран Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот