Заев: Го разбирам чинот на морална одговорност, но имаме и одговорност за предизвиците кои се пред нас

ТВ-дуел меѓу Заев и Мицкоски / 20 септември 2021 / фото: Канал 5/принтскрин

Темата за одговорноста за трагедијата во модуларната ковид-болница во Тетово е дел од вечерашниот дуел меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на телевизијата Канал 5.

„Одговорноста е голема кај владата, кај мене како претседател на Владата, кај сите институции, но реков дека сакам да ги видам резултатите од истрагата, за да ги донесам одлуките. Се работи за министер и заменик-министер за здравство. Во услови на пандемија сработија сериозни предизвици, да се справат со пандемија, со сите предизвици на непознатото, пандемијата сѐ уште опстојува… Јас го разбирам и го поздравувам етичкиот чин на одговорност, но тука е и одговорноста за она што значи континуитет на системот, одговорност пред сѐ за она што доаѓа пред нас, затоа што сериозни предизвици допрва ќе има“, рече Заев.

Тој додава дека никогаш не рекол оти ако има констатирано вина кај Филипче и Хасани, нема да ги прифати нивните оставки.

„Одговорноста кај мене е поголема затоа што сум и претседател на Влада, затоа што сите знаеме дека поставивме модуларни контејнери, претходно изработени во фабрики. Законот јасно тоа го пишува, информира премиеро и посочи дека за трагедијата „ќе одговораат на прашања додека се живи“.

Според Мицкоски, Заев не треба воопшто да размислува за прифаќањето на понудените оставки од министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик, Илир Хасани.

„Ако седнете и разговарате со роднините на тие луѓе што ги загубија животите, ќе го видите сиот гнев и револт што тие го чувствуваат. Ако има некој и малку грижа на совест во Владата, а тука најповикан е господинот Зоран Заев, не само што нема да размислува, туку веднаш ќе ги прифати овие оставки“, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот