Заев го промовираше, а законот за ЈО не поминал ниту на Влада, ниту на Собрание

Фото: Слободен печат

Законот за јавно обвинителство кој премиерот Зоран Заев го презентираше во петокот пред јавноста откако пропадна неговиот обид да организира лидерска средба, се уште не е поминат на владина седницата. Како што информираат од Владата очекуваат на утрешната седница предложеното решение да добие зелено светло, за потоа да може да се пушти во собраниска процедура. Дали ќе се обезбеди двотретинско мнонозинство засега е неизвесно. ВМРО-ДПМНЕ вели дека СДСМ нема легитимитет да носи било каков закон, а камоли за јавното обивнителство, но остава отворена врата за предлогот да се изјаснат откако тој ќе биде доставен до пратениците.

Тоа што Заев го презентираше на прескоференција е работна верзија на предложеното решение. Конечната ќе се види утре по владината седница.

Извори од Собранието велат дека следна нова собраниска седница  треба да биде закажана наредната недела, кога и би требало предлог-законот за јавно обвинителство да се стави на дневен ред. Нова седница ќе има утре но на неа неможе да биде ставен предлого зошто уште не  е поминат на влада. Пратениците не сакаат да го коментраат драфот што Заев го презентираше бидејќи како што велат не го добиле, а и конечната верзија може да претрпи и некои измени. Со закажување на седницата може и да не се брза толку многу заради двотретинското мнозинство што треба да се обезбеди. Поради тоа велат собраниски извори не е исклучена можноста да се остави простор за евентуален договор меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, иако пропадна лидерската средба на која покрај другото се очекуваше двајцата лидери Заев и Христијан Мицкоски да најдат некакво решение.

Инаку согласно предлог-законот Специјалното јавно обвинителство ќе помине во Јавното на обвинителство на СРМ, односно ќе се спои со сегашното обивнителство за организиран криминал под ново има Јавно обивнителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Започнатите постапки како што стои во ченот 106 продолжуваат да ги води ново обвинителство во фаза во која се преземени. Како што објаснуваат извори од Министерството за правда ова значи дека ќе продолжат и истрагите кои СЈО ги отворени по истекот на 18 месеци кои ги предвидуваше досегашниот Закон за СЈО. Во тие истраги е и „Империја“ во која осомничен е и бизнисменот Орце Камчев, како и предметот „Талир“ кој е во судска постапка.

Инаку првиот човек на ова обвинителство, за што Зеав ја предложи Вилма Рускоска, кој сега раководи со јавното обвинителство за организиран криминал, ќе го избира Советот на јавни обивинители. Изборот на Катица Јанева пак беше договор меѓу четирите политички партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, кој откако беше изгласан со двотретинско мнозинство во собранието, формално беше потврден на Советот на јавни обвинители.

Ново обвинителство ќе има сопствен буџет и посебна буџетска сметка. Но се отвора прашањето дали платите на вработените кои ќе дојдат од СЈО во новото обвинителство ќе бидат како сега, повисоки или ќе се намалат и ќе бидат како на нивните колеги од организиран криминал. Неофицијално Рускоска сега земала плата од околу 80.000 денари, додека платата на Јанева надминува 4.000 евра. Од Министерството за правда велат дека платите треба да бидат како во СЈО.

На прашањето дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат поддршка на овој предлог-закон, партискиот портпарол Наум Стоиловски вели дека СДСМ нема легитинимет да носи ваков закон.

-На оваа власта секој ден и се случува по некоја тешка афера, како може таа да има легитимитет да носи било како закон, а камоли закон за јавно обвинителство. Тоа е како да педофили да им дадете да прават Закон за заштита од педофилија – вели Стоилковски.

Но конечниот став по ова прашање, додава тој ќе го кажат откако ќе го видат предлог-законот. Во јавноста се подгреваат надежите дека ВМРО-ДПМНЕ може и ќе даде поддршка откако партијата кажа дека за нив е прифатливо СЈО да помине под ОЈО, но не е прифатлива Вилма  Рускоска за прв човек на новото обвинителство. Предлог-законот не содржи име на јавниот обвинител, туку во него е регулирано дека кој ќе го води Јавното обвинителство за организиран криминал и висока корупција ќе одлучува Советот на јавни обвинители.

Во однос на потребното мнозинство независната пратеника група на ВМРО-ДПМНЕ, односно 8-те пратеници кои гласаа за уставните измени, не кажуваат дали би можело да дадат поддршка на новиот закон за ЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот