Заев го повика Мицкоски да изнајдат заедничко решение за Законот за јавно обвинителство

Донесувањето на законот, истакна Заев, е обврска на сите, пред се кон граѓаните. Најмногу надеж тој има, како што рече, во пратеничката група на осумте независни пратеници.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев е оптимист дека до 12 април и пред распуштање на Парламентот, ќе се донесе законот за јавното обвинителство. Тој денеска, пред средбата со бизнис заедницата во Стопанската комора на Македонија, го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да изнајдат заедничко решение.

Донесувањето на законот, истакна Заев, е обврска на сите, пред се кон граѓаните. Најмногу надеж тој има, како што рече, во пратеничката група на осумте независни пратеници.

-Сакам да биде донесен законот. Верувам дека до 12 април имаме некои неполни четири недели. Треба да направиме се. Разговарав со еврокомесарот дека СДСМ и коалицијата се подготвени. Замолив да разговара со опозицијата. Веројатно е разговарано. Овие денови верувам дека ќе се направат и дополнителни контакти зашто привршуваат разговорите за изборниот закон. За да се заврши оваа работа, треба да најдеме решение, напомена Заев.

Во новото законско решение, дополни, веќе нема СЈО.

-СЈО е со гарантирани предмети. Тие се под надлежност на државниот обвинител и во судска постапка. Релаксирани од тоа, треба да седнеме и да изнајдеме законско решение. Работите во државата знам дека нема да се променат. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане опозиција и треба да го решиме тоа. Дури и да се променат, ќе бидат сменети страните и пак треба да го решиме тоа. Никој од надвор нема да дојде да ни го реши ова прашање. Апелирам до ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски да го дадеме и овој дополнителен аргумент на новиот еврокомесар, иако не ни е услов, за да го испорача пред самитите и одлуките на Европскиот совет. Не само да биде аргумент повеќе пред ЕУ, туку и пред нашите граѓани зашто законот е потребен за граѓаните, подвлече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот