Заев: Гласовите за Река ќе дојдат на контото на заедништвото

Премиерот Зоран Заев и лидер на СДСМ, партијата која застана зад претседателката кандидатура на Стево Пендаровски вечерва на прес-конференцијата по првиот круг од гласањето изрази уверување дека во вториот изборен круг гласовите на граѓаните кои го дале својот глас за кандидатот Блерим Река ќе дојдат на контото на заедништвото и контото кое води напред.

На прашањето зошто оние во првиот круг што го поддржале Река во вториот би го поддржале него, Пендаровски рече оти е јасна разликата меѓу концептот што тој го промовира и концептот што го промовира неговата  противкандидатка. Неговиот концепт, како што рече, има поголема шанса да допре до граѓаните Албанци. Тој нагласи оти Силјановска спроведува 19 вековен националистички концепт.

Според него,концептот на неговата противкандидатка којшто е поддржан и од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е етноцентричен и во него нема место за ниту една етничка заедница освен за Македонците. Додаде дека во неговиот концепт има место за сите.

Заев се надоврза оти тој е реален и јасно му е дека се уште има граѓани кои гласаат по етничка основа, но додаде дека во вториот изборен круг очекува оти граѓаните коишто го дале својот глас за Блерим Река ќе дојдат на контото на заедништвото и контото кое води напред.

Истакна доколку кандидатот Стево Пендаровски загуби макар и со еден глас тој е подготвен за предвремени парламентарни избори.

-Тоа го кажувам толку силно и отворено затоа што сум убеден до небо дека ќе победиме, рече Заев.

Во врска со малиот цензус во општините каде што доминатното население се етнички Албанци и дали тоа значи дека ДУИ не испорачала, Заев рече дека сите политички партии направиле се што е во нивна моќ и оти граѓаните се граѓани и „никој не ги носи гласачите во џебот”.

-Секој граѓанин одлучува тоа што е најдборо за него, за неговото семејство, за неговата земја, рече Заев и додаде дека граѓаните на сите избори испраќаат различна порака потсетувајќи оти сме заборавиле да имама исклучиво само претседателски избори.

Тој додаде оти е мошне важно да се избере вистинскиот претседател и оти со позитивна кампања во вториот круг уште повеќе ќе се зголеми поддршката за Пендаровски.

На новинарско прашање да дадат коментар за тесната разлика меѓу Пендаровски и Силјановска во првиот круг од гласањето, Заев истакна оти треба да се земе предвид дека изминатиот период беа донесени многу важни одлуки за иднината на државата што, како што рече, бара храброст, а со тоа се отворија перспективите и конечно земјата нема отворени билетерални спорови.

– После сите овие храбри одлуки еве не со победа во првиот круг. Секој глас е важен и јас сум убеден.Согласно корпусот на гласови, а се надевам дека во вториот круг ќе излезат уште поголем број гласачи и дека со тоа разликата ќе биде уште поголема. Мнозинството граѓани јасно дефинираа во кој правец треба да чекори нашата земја, рече Заев додавајќи дека секако не смеат да бегаат од слабостите, односно некои граѓани очекувале поголеми резултати во економската сфера.

Премиерот и претседател на СДСМ истакна дека кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова воопшто не се осврнала на еднаквоста во државата.

-Сериозни етнички заедници во нашата држава не ги интересира, веројатно играа на карта на национализмот и тие ќе си го носат својот ризик играјќи на картата на квази национализам и квази патриотизам. Вистински патриот е оној којшто носи храбри одлуки за државата, не за својата партија, не за своја лична добробит, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот