Заев ги покажа договорите од Мицкоски како директор на ЕЛЕМ: Иста услуга еднаш 1,6 милиони, после 8 милиони евра

Пред камерите вечерва претседателот на СДСМ, Зоран Заев во дуелот со Христијан Мицкоски покажа два договори потпишани од Мицкоски како директор на ЕЛЕМ, за кои рече дека се за иста услуга, а првиот со вредност од 1.600.000, а вториот со вредност од осум милиони.

-Додека бевте директор на ЕЛЕМ ги крадевте граѓаните. Знаете како? Еве два договора. Еднаш потпишувавте договор за 1.600.000 за иста услуга, а потоа потпишувате договор за осум милиони. И тоа со вашиот пријател Панче Тошев со кого доаѓавте и на преговори, рече Заев.

Мицкоски не даде коментар за овие два договори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот