Заев: Ги поканивме соседните земји членки од ЕУ да отворат зелени коридири, Грција се јави прва

Зоран Заев / Фото: Архива на „Слободен печат“

Ги поканивме членките на ЕУ, соседи на земјите од Западен Балкан да ги отворат зелените коридори, како прв чекор за сите земји од регионот. Грција е таа која прва се јави и веќе на тоа работи администрацијата, информира денска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието.

Според него, со ова Грција треба да ги охрабри и Бугарија, Романија, Унгарија, Австрија, Словенија, Хрватска, Италија, како земји соседи на Западен Балкан, да можеме да се отворат такви зелени коридори во регионот.

Тој оцени дека граѓаните гледаат оти нешатата се менуваат и дека со овие програми, како „Отворен Балкан”, коишто создаваат можности за сите, всушност се движиме напред.

– Тоа на крајот е и европскиот пат, да ги отовориме границите, се надеваме еден ден и како членки на ЕУ преку шенгенските критериуми и нивното исполнување и да дочекаме буквално отворен европски контитент, во кој Северна Македонија и земјите од Западен Балкан ќе бидат секако членки на ЕУ, нагласи Заев.

Премиерот посочи дека веќе се промовира и туризмот во нашата земја и во регионот.

– Рекламите и попустите резултираат со тоа што нашите граѓани си ги посетуваат земјите и се надеваме дека тоа ќе го гледаме повеќе во иднина. Впрочем во нашата земја најголем број на туристи се од соседните земји и сакаме тоа да расте. Затоа втора иницијатива на којашто сме посветени е да организираме систем во којшто сите хотели и ресторани ќе дадат попуст на граѓаните од Северна Македонија, Србија и од Албанија, по пет, 10, 15 отсто. Сега нашите хотелиери дадоа 20 проценти за српските граѓани за оваа сезона за да можат граѓаните да го почувствуваат бенефитот и придобивките од зајакнатата соработка меѓу земјите во регионот, наведе Заев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот