Заев: Ги осудувам провокациите на свадбата на Богдановиќ, доколку ги имало

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека осудува провокации од било каков тип, доколку ги имало на свадбата на градоначалникот на општина Центар кој викендот се венчаше во Грачаница.

Во изјавите на Богдановиќ, премиерот не можел да препознае такво нешто.

– Внимателно ги читав изјавите на градоначалникот на Центар кој доаѓа од редовите на СДСМ. Јасно кажа дека не чувствува дека тоа тука му е забрането во православните храмови. Тој тврди дека не сака ниту да ги поддржи, ниту нешто посебно да коментира за поединци коишто биле гости на свадбата. Тој се оградува. Вели – јас ја сакам мојата Република Северна Македонија, живеам овде, имам голема чест да бидам градоначалник. Тоа е она што навистина го читав, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Амди Бајрам ја мажи внуката во Истанбул (ВИДЕО)

Нагласи дека земјава ги почитува сите соседи и поттикнува дијалог што носи мир на Балканот.

– Односот што значи провокација меѓу кој било од нашите народи на Балканот, не го поддржувам и се оградувам од него. Апелирам на внимателност. Ние сакаме да бидеме Европа во периодот којшто претстои пред нас. Треба европски да се однесуваме и меѓусебно да се почитуваме, истакна Заев.

Најави дека одлуките за идните кандидати за градоначалници ќе се носат кон крајот на летото бидејќи локалните избори се во октомври следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот