Заев ги достави до Собранието предлог програмата за работа и предлог составот на новата влада (ФОТО+ВИДЕО)

Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во 11 часот го достави до Собранието предлог составот на новата Влада и програмата за нејзина работа.

Генералниот секретар Љубчо Николовски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

– Денес во Собранието доставив предлог Програма за работа и предлог состав на новата влада на Република Северна Македонија. Нз изборите граѓаните го потврдија правецот и ставот кој денес го преточуваме во конкретни кадри и програма. Македонските граѓани ќе добијат одговорна влада која ќе гарантира континуитет во остварување на стратешките приорити. Денеска како мандатор доставив предлог за влада која е подготвена да сработи во полн 4 годишен мандат. Со мене се 19 инистри и министерки со кои се обврзуваме дека ќе работиме уште повеќе и уште подобро.

Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Програмата за работа ја отсликува посветеноста на сте политички партии од коалицијата за борба против корупцијата, прочистување на правосудството и потекло на имот на сите функционери. Сите сме согласни посветено да работи на реализација на договорите со Грција и Бугарија, како и на Рамковвниот договор, кој е темел на заедничкото живеење во мир.

Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Имајќи го предвид периодот со ковид-19 ќе се посветиме со инвестиции во јавното здравство, Како еден од столбовите е и борната против загадувањето со суштински политики и инклузивен процес. Тука најмногу сте потребни вие граѓаните. Ова се принципите и вредностите од кои ќе се води новата влада.

Предлагам одговорни професионални и отчени кадри со конкретна мисија и цели и кои ќе имаат задача да работат исклучиво за граѓаните и европската трансформација на нашата земја. Очекувам Џафери да даде доволно време за пратениците да се запознаат со програмата и биографијата на предложените кандидати, рече Заев.

Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Покрај Заев како премиер, членови на Вадата ќе бидат и Љупчо Николовски како вицепремиер за борба против корупцијата, Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија, Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Радмила Шекеринска – министерка за одбрана, Бојан Маричиќ – министер за правда, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Венко Филипче – министер за здравство, Мила Царовска – министерка за образование и наука, Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика и Ирена Стефоска – министерка за култура.

Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го води Аријанит Хоџа од Беса, предизборниот коалициски партнер на СДСМ, а Горан Милевски од ЛДП ќе биде министер за локална самоуправа и во новата Влада.

Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

ДУИ во Владата ќе има шест члена. Артан Груби ќе биде прв вицепремиер и министер за политички систем, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши останува министер за економија, а Насер Нуредини министер за животна средина. Министер за информатичко општество и администрација, како што објавија од ДУИ ќе биде Јетон Шаќири.

?[Во живо:] Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Зоран Заев пред Собрание

?[Во живо:] Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Зоран Заев пред Собрание

Publiée par Zoran Zaev sur Mercredi 26 août 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот