Заев – Галовеј: Сите капацитети на државата и општеството се ставени во заштита на здравјето на граѓаните

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари видео средба со амбасадорката на Британија во Република Северна Македонија, Рејчел Галовеј.

На средбата беше дискутирано за глобалната закана од пандемијата со коронавирусот, последиците од неа врз економијата, како и демократските процеси во Република Северна Македонија и претстојните парламентарни избори.

Од страна на претседателот на СДСМ, Заев беше истакнато дека сите капацитети на државата, на општеството, но и на СДСМ како одговорна партија се ставени во заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширењето на вирусот, како највисок приоритет.

Покрај обезбедување на здравјето, додаде Заев дејствувањето на СДСМ  е фокусирано и на изнаоѓање мерки и политики кои имаат за цел да ги санираат економските последици од коронавирусот економијата и да создадат нова, брза економија со интензивен раст за побрзо надминување на кризата.

Претседателот Заев посочи дека СДСМ и преку Владата и преку институциите во кои е дел е посветена на градење на силна демократија, со силни и капацитетни институции, и оттаму во ситуација кога државата е без Собрание и со преодна Влада, дополнително се наметнува потребата од одржување избори штом пандемијата спласна.

Од страна на амбасадорката Галовеј беше поздравен високиот степен на транспарентност и отвореност на институциите за време на пандемијата, како и нивната посветеност во борба со здравствените закани од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот