Заев: Фокусот е насочен кон економскиот раст и подобрување на животниот стандард

Зоран Заев во утрински брифинг
Зоран Заев премиер на влада на РСМ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

На линија на ММФ, и Владата во однос на економските движења за наредната година очекува вработеноста постепено да закрепнува, додека високиот раст на платите, зголемените дознаки и користењето дел од кумулираните заштеди да влијаат врз зголемувањето на расположливиот приход. Фокусот е насочен кон економскиот раст во државата и подобрување на животниот стандард, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

– Меѓународниот монетарен фонд во последната изјава ги поздрави економските мерки и политики на Владата кои помогнаа да се задржи вработеноста и да се ублажи влијанието на пандемијата врз економијата, вели Заев, набројувајќи ги суштинските поенти од изјавата на ММФ.

Тој посочува дека Владата во консултација со сите релевантни чинители во државата донела мерки за граѓаните и стопанството со цел да се задржи ликвидноста и да се зачуваат работните места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот