Заев: „Фајзер“ конечно го потврди договорот, 80 000 вакцини треба да стигнат до јуни

Фајзер/ Фото: EPA

Производството на вакцини е такво какво што е, овојпат постапката беше многу побрза за создавање вакцини и малите држави како нас ја почувствуваа нерамноправноста во однос на вакцините. Ковакс има 142 држави, ние плативме 1,2 мииони евра за да го изградиме тој систем, значи сме дале пари за тој систем ама доцнеше испораката на вакцините. Дефинитивно ако САД боцкала над 100 000 граѓани дневно можеле да кажат еве 2 000-3 000 вакцини за Северна Македонија. Ако Германија давала по 50-60 000 во ден можеле и тие 2 000 до 3 000 да издвојат за нас. Но, така е кога одлучуваат политичарите кои се под притисок на јавноста. И ние не можеме да влегуваме во кавги затоа што ниту нешто ќе смениме, ниту ќе имаме повеќе вакцини на тој начин, изјави премиерот, Зоран Заев, во „Само интервју“ на Канал 5.

Тој направи збир на сите вакцини кои ги очекуваме во државата, а тоа се вкупно 2,6 милиони што би биле доволни за вакцинација на 1,3 милиони граѓани што е солидна бројка.

– „Фајзер“ го потврди договорот, очекуваме првите 10 000 вакцини да стгинат деновиве, до 15 април.. Инаку, имаме нарачано 800 000 од „Фајзер“. Исто така, 800 000 од Ковакс системот, потоа имаме по 200 000 од кинеската и руската вакцина, 100 000 имаме преку системот на ЕУ, и потоа уште 500 000 кинеска вакцина од другиот производител. Вкупно имаме 2,6 милиони вакцини и очекувам дека сега нема да има прекин во имунизацијата, односно дека процесот е започнат и ќе трае се додека не се вакцинираат поголем дел од граѓаните, дополни Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот