Заев: Европа треба да ја награди нашата земја (ВИДЕО)

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во Виена, во пресрет на Виенскиот економски форум, се сретна со поранешниот претседател на Република Австрија, Хајнц Фишер.

На средбата, којашто помина во исклучително позитивна атмосфера, премиерот Заев го информираше поранешниот претседателна Република Австрија, Фишер за последните политички случувања во земјата, односно успешно спроведените претседателски избори, како и текот на реформите во неколку клучни области.

Истовремено, на средбата беше потврдена поддршката којашто Република Австрија во континуитет и ја дава на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон интеграцијата во Европската Унија. И таа поддршка, како што беше посочено на средбата, нема да изостане сe додека Северна Македонија не стане полноправна членка на ЕУ.

– Северна Македонија за кратко време стана модел, пример како се решаваат дури и најтешките билатерални прашања и затоа Европа треба да возврати и да ја награди нашата земја – истакна премиерот Заев на средбата со поранешниот претседател на Република Австрија, Хајнц Фишер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот