Заев: Еден од приоритетите ќе биде намалување на администрацијата за 20%, кратење ќе има и кај министрите без ресор

СДСМ, која на парламентарните избори освои 46 пратенички мандати, од денеска ги почнува преговорите за парламентарно мнозинство и за формирање на влада која ќе има полн четиригодишен мандат.

Лидерот на партијата Зоран Заев по завршувањето на денешната конститутивна собраниска седница најави дека во следниот период ќе се одвиваат разговори на повеќе нивоа и очекува дека за 10 до 15 дена ќе има исход од овие преговори. Тој рече дека ќе разговара со лидерите на политичките партии и штом има некаков напредок, за што партијата ќе ја информираат јавноста.

– Од денеска почнуваме преговори за четиригодишен полн мандат кој ќе ни донесе четиригодишна влада која е подготвена да сработи. Ќе разговараме за влада која се грижи за сите граѓани ослободена од етнички предрасуди и која нема никакви дилеми – Северна Македонија, едно општество за сите. Ќе разговараме за влада која ќе се бори против корупцијата и криминалот. Особено внимание ќе се посвети на делот за прочитување на судството и потеклотоо на капитал кај секој функционер, истакна Заев.

Еден од приоритетите ќе биде и сериозната реформа во администрацијата и нејзиното намалување за 20 проценти, помалиот број на министри, односно кратење ќе има кај министрите без ресор.

Во фокусот на идната влада, како што најави Заев, ќе биде и економијата, продолжување на растот на платите, вложувањето во младите, рамномерниот регионален развој, поддршката за прватниот сектор и грижата за најсиромашните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот