Заев е сигурен во победа на предвремени избори, ама ќе се посвети на економијата

Лидерска средба во петок може да има и без лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ако тој реши да не дојде. Денеска премиерот Зоран Заев рече дека лидерската средба останува, иако Мицкоски се заканува дека нема да дојде ако не се исполнат одредени услови што тој ги поставува.

– Бара да зборуваме за предвремени избори, а да не зборуваме за Изборен законик. Толку години не сме имале попис, а не сакаат да зборуваат за закон за попис. Не може да оставиме да не се донесе закон за јавно обвинителство. Зошто да го одложуваме, дека тој вика ќе го направам пепел СЈО, зошто СЈО  води истраги за корупција на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ? Лидерската средба останува, немам намера да исполнува желба за предвремени избори, иако знам и сум убеден сум дека ќе победам, но изборите и штетат на економијата – рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот