Заев: ДУИ ќе оди во опозиција, национализмот нема иднина во Северна Македонија

Одговарајќи на прашање поврзано со предлогот на ДУИ за премиер Албанец во емисијата Патот кон на Телевизија Алсат, претседателот Зоран Заев истакна дека тоа е уценувачка порака и дека граѓаните се тие кои одлучуваат кој ќе ја предводи владата.

-Пораката која ДУИ ја испратија е генерално уценувачка и тоа не е добро. Оние кои определуваат кој ќе биде премиер тоа се граѓаните. Сето тоа што ДУИ го прави е прочитано. Верувам граѓаните ќе знаат како треба да продолжиме напред. Секогаш сме имале чесна и отворена соработка со ДУИ. Дури и кога не сме се согласиле. Секогаш сум бил транспарентен. Го разбирам Ахмети зошто оди со националистичка политика. Но денес граѓаните знаат се. Ние ги обединуваме сите. Не ги делиме. Политичарите кои се враќаат кон национализмот, ќе бидат казнети на овие избори. Тоа граѓаните ќе им го покажат. Национализмот нема иднина во Северна Македонија- рече Заев.

Одговарајќи на прашањето што мисли за политичката иднина да ДУИ по 15-ти јули, Заев посочи:

„И ДУИ сами знаат дека е добро да заминат во опозиција. Да се демократизираат. Да изградат економски став, програма. Јас тоа го кажувам како мое мислење. Граѓаните ќе одлучат. На овие избори јас сум мандаторот на оваа најмултиетничка коалиција во политичката историја на Северна Македонија“.

Заев посочи дека на изборите важен е секој глас, дека секој глас може да донесе промена.

-Гласајќи за другите партии од албанскиот блок кои би влегле во коалиција со Мицкоски, тоа впрочем значи минирање на нашите евро-атлантски интеграции, и на договорите кои ни го овозможија тоа. Не верувам дека Мицкоски ќе добие таква шанса, да ги поништи сите успеси. Но моето политичко искуство кажувам, и стотина гласа имаат моќ да ја одлучат иднината на државата Ние донесовме одлуки без да мислиме да мислиме на личниот или партиски рејтинг. Донесовме храбри и историски одлуки. Сега е време граѓаните да го направат истото- заклучи Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот