Заев: Должност ни е да ја прифатиме независноста со сета почит кон генерацијата што го зачува континуитетот на државноста

Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Беше чест да се сретнам со дел од пратениците на првиот состав на Собранието на самостојна Република Македонија, која ги постави темелите на независноста на нашата држава, на церемонијата за доделување на орденот „8 Септември” на Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско Собрание, и на пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година, напиша попладнево на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

Како што наведува Заев, посебно чувство на благодарност и на почит се воспоставува на средба со претставниците на генерацијата која го понесе товарот на прогласувањето на самостојноста и на меѓународното признавање на нашата држава во редот на современите демократски држави.

Според премиерот, наша должност е да ја прифатиме независноста со сета почит кон генерацијата што го зачува континуитетот на државноста и да прифатиме дека сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме Северна Македонија за нас и за идните поколенија.

– На сите што беа присутни на церемонијата кај претседателот Пендаровски и на сите што не беа во можност да дојдат на оваа свеченост, им посакувам наскоро повторно да се видиме на 17 ноември кога ќе го одбележиме донесувањето на Уставот во 1991 со кој Република Македонија се конституираше како суверена и самостојна држава, и кога ќе им биде врачено посебно признание во име на Владата на Република Северна Македонија, напиша Заев.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот