Заев: Договорот од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот

Верувам дека добрата вест за почнување преговори со Европската унија ќе влијае позитивно на целиот регион и на Европската унија и оти ќе биде препознаен напредокот на реформите во решавање на проблемите. Регионот е сменет, се стреми и создава услови за натамошен развој и интегрирање. истакна премиерот Зоран Заев на отворањето на Самитот на „Економист”, што се одржува денеска во Скопје.

Како што потенцираше премиерот, регионот станува пример дека со заедништво и со инвентивни решенија може да се надминуваат проблемите.

– И мала држава како Република Северна Македонија може да носи порака на свежина, промена и надеж и да биде добра вест, потенцира Заев, посочувајќи дека Договорот од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот.

– Тој е корисен пример за многу други отворени прашања. Секој проблем  е различен  и специфичлен, но дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање. Како лидери на своите земји им должиме на  граѓаните да ги решаваме проблемите, да го одржуваме мирот и да создаваме услови за развој и подобар живот на сите, рече Заев.

Денеска, како што истакна тој, од овде преку еминетниот „Економист” сакаме низ светот да одекне добрата вест дека овој регион е сменет и дека регионот нема повеќе да биде заглавен повеќе не е заглавен во конфликти и во безидејна иднина.

– Ерата на манипулативните националистички реторики е минато. Сите заедно грабиме кон посветла иднина. Берлинскиот прцес ја постигна целта да го зголеми интересот на Западен Балкан и да не стави на мапата на соработка на земјите членки на ЕУ. Спроведувањето на агендата за конективност на Берлинскиот процес и  повеќегодишниот Акциски план за регионална економска зона има важна цел да го забрза развојот на регионот и да го  подобри квалитетот на животот на нашите граѓани. Регионот зборува активно за дигиталзиација, заедничкиот настап на европскиот и глобалните пазари, царинските олеснувања, заедничките гранички премини, фондови за иновации…, рече Заев.

Самитот продолжи со обраќање на помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, а меѓу гостите се и поранешните премиери на Грција и на Белгија, Алексис Ципрас и Ги Верхофштат и поранешниот претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц.

Учесниците на Самитот дебатираат за тоа што може да се направи за да се обезбеди побрз раст и да се зголемат  инвестиците во регионот.
Нашата држава првпат е домаќин на настанот, во организација на „Економист” најпознатиот неделен економски магазин, кој има милионски тираж и е основан во 1843 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот