Заев: Добро за држвата е Законот за ЈО да се донесе пред избори

Основно јано обвинителство/ фото: Слободен печат / Драган Митрески

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Зоран Заев од Тетово порача дека е добро за државата сега, пред избори, да се донесе законот за јавно обвинителство. Изрази надеж дека Владата ќе го усвои на наредната седница за да може до распуштање на Парламентот да се најде на пленарна седница.

-Ова ќе биде дополнителна причина и мотивација за земјите членки и европскиот комесар да донесат позитивна одлука во времето кога ќе одлучат за датумот за проширувањето. Ова е сериозен државнички порив кој го очекувам од сите пратеници. Сега сме растеретени од СЈО, предметите се осигурани, тие се под контрола на Јовевски, во судска постапка и продолжуваат понатаму. Верувам дека трезвеноста и државничкиот капацитет на Парламентот ќе се докаже на дело, во случај ако не биде така, ќе видиме кој не гласал и кој како се определил, но дефинитивно верувам дека може да се смогнат сили да се обезбеди двотретинско мнозинство за овој закон, истакна Заев, кој денеска во Тетово беше на средба со членови на Здружението на пензионери како и со партиски членови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот